Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Вилијам Хејг, демантираше дека имал хомосексуална врска со својот политички советник. Во сензационалното и драматично соопштение за британската јавност, шефот на британската дипломатија и поранешен лидер на Конзервативната партија, ги отфрли како „неточни, злонамерни и измислени“ тврдењата што веќе десетина дена се среќаваат на Интернет-мрежата и во блоговите, за „недоличната врска“ што, наводно, ја имал со својот 25-годишен советник Кристофер Мајерс. Министерот уште ја квалификува како шпекулација информацијата дека поради тоа неговиот брак се наоѓа во „длабока криза“ и е пред распаѓање.
Хејг (49) признава дека тој и младиот советник неколкупати делеле иста хотелска соба за време на службените патувања, но вели дека сето тоа било направено само за да се заштедат пари, во текот на предизборната кампања за мајските парламентарни избори во Велика Британија.
Кристофер Мајерс поднесе оставка по „неточните и злонамерни“ обвинувања за тоа дека успеал брзо да напредува само „поради блискоста“ со министерот Хејг.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град