Научниците ја открија причината за поларните температури во Европа

Поларните температури во централна Европа се последица на дебалансираните механизми на “временската кујна“ над Атлантикот, кои се предизвикани од намалување на ледената површина на Арктикот, тврдат научниците.

 |   | 
stud Evropa
stud Evropa

stud EvropaПоларните температури во централна Европа се последица на дебалансираните механизми на “временската кујна“ над Атлантикот, кои се предизвикани од намалување на ледената површина на Арктикот, тврдат научниците.

Според податоците на научниците од Институтот за поларни истражувања “Алфред Вегенер“ и Центарот за истражување на Земјата, загревањето на воздухот во водите на Северно ледениот океан ги зголемува вертикалните циркулации, бидејќи топлите воздушни маси се подигнуваат мешајќи се со студените.

Како резултат на тој процес долните атмосферски слоеви ја губат стабилноста и сезонската “шема“ на распределба на атмосферскиот притисок се менува како на Арктикот, така и на северниот дел на Атлантикот.

stud Evropa

Пресметките на научниците покажуваат дека разликата во притисокот помеѓу Азорскиот максимум и Исландскиот минимум се намалуваат со текот на годините кога на Арктикот доаѓа до прекумерно топење на ледот.

“Нашите истражувања се насочени на регионалните климатски промени, предизвикани од глобалните процеси, што би требало да им помогне на луѓето полека да се прилагодуваат на климатските промени“, рекол професорот Клаус Детлоф.

Научниците претходно откриле генетска мутација која предизвикува имунолошко заболување како што е алергија на ладно, а се манифестира со силна имунолошка реакција на организмот на ниски температури.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top