Научниците ќе се откажат од спасување на пандите?

Вкупно 600 научници учествуваа во анкетата за тоа што мислат за насочувањето на фокусот на животните кои реално можат да бидат спасени и откажувањето од оние кои не можат.

 |   | 
panda
panda

Вкупно 600 научници учествуваа во анкетата за тоа што мислат за насочувањето на фокусот на животните кои реално можат да бидат спасени и откажувањето од оние кои не можат.
pandi
Пандите и тигрите спаѓаат во групата за кои треба да се одвојат најмногу средства и лесно би можеле да се најдат на листата на животни од кои тие ќе се откажат. Еден од експертите, Паул Голдстајн, тврди дека сите животни не можат да бидат спасени.

– Доколку пандите можат да се зачуваат само така што ќе бидат одгледани и чувани во зоолошка, а никако во природа, тогаш ќе разберам ако научниците се согласуваат дека од пандите треба да се откажат, рече Голдстајн.

Тој додаде дека тие имаат мали шанси некогаш да имаат нормален живот во дивината и дека луѓето не би требало емотивно да се врзуваат за ваквите прашања, затоа што животните немаат емоции како што ние ги имаме. Тој смета дека тигрите можат да бидат спасени, но прво мораме да разбереме зошто тигрите се загрозени.

Меѓутоа, постојат научници кои не мислат како Голдстајн. Научникот Дајен Валкингтон смета дека на сите видови треба да им се даде шанса затоа што луѓето главно се и виновниците за ризичната состојба на некои видови.

– Можеби не можеме да ги спасиме сите, но мораме да ги спасиме сите кои можеме. Голем број видови не ги спасивме затоа што едноставно се откажавме од нив, рече Валкингтон и додаде дека особено треба да водиме сметка за тигрите, затоа што е докажано дека по програмата за заштита во Индија, бројот на тигрите во таа земја е зголемен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top