Конечно некоја добра вести на тема екологија: озонската дупка над јужниот пол се намалува. Моментално е најмала во последниве десет години.
Конечно некоја добра вести на тема екологија: озонската дупка над јужниот пол се намалува. Моментално е најмала во последниве десет години.
Сателитските снимки на Антарктикот покажуваат закрепнување на озонскиот слој на Земјата. Неговото тенчење започна во 80-тите години на минатиот век и понекогаш беше проретчено и до 70 проценти.
Снимките покажуваат дека 2012-та била најдобра во изминатата деценија. Антарктикот е поранлив од Арктичкиот круг поради силните ветришта кои се претвораат во циклони кои ја намалуваат температурата. А фреоните прават поголема беља на озонот на пониски температури.
Намалување на дупката е веројатно директен резултат на здружените човечки напори, започнати во 90-тите години на глобално ниво, кои се преточија во неколку меѓународни договори за намалување на штетните емисии во воздухот, каков што е протоколот од Монтреал.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град