Лидерите на грчката и турската заедница на Кипар постигнаа значаен напредок во преговорите за повторно соединување на таа поделена островска држава.
Ова вчера го соопшти пратеникот на Обединетите нации (ОН), Александер Даунер. „Првото читање е завршено. Од перспективата на ОН можеме да кажеме дека тоа е добар напредок кој што покажува дека е остварен значаен напредок во преговорите“, додаде тој.
Кипар е поделен од турската инвазија во 1974 година. Претставниците на двете страни ги оживеаја преговорите во септември минатата година, но тие бавно напредуваа по речиси 40 – те состаноци во напуштениот аеродром во тампон зоната на ОН.
Двете етнички заедници се согласуваат, барем на хартија, околу соединување на островот во двозонска и двоетничка федерација, но не можат да се сложат околу начинот на кој што би функционирала.
Најтешкото прашање е тоа што за време и по инвазијата многу жители на Кипар ги изгубиле куќите и земјиштата.
Лидерите на Турците и Грците од Кипар се договорија дека можниот мировен договор ќе биде даден на референдум во двете заедници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град