Највлијателни луѓе во светот се Обама, Ху и Саркози

Новоизбраниот претседател на САД Барак Обама, шефот на кинеската држава Ху Џинтао и францускиот претседател Никола Саркози се тројцата највлијателни луѓе во светот според списанието „Њузвик“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Hu Jintao
Ху Џинтао

Новоизбраниот претседател на САД Барак Обама, шефот на кинеската држава Ху Џинтао и францускиот претседател Никола Саркози се тројцата највлијателни луѓе во светот според списанието „Њузвик“.

Во листата на американското списание вкучени се 50 познати политичари, економисти и други познати личности.

Barak ObamaВо првите десетмина највлијателни луѓе се и претседателот на Федералните резерци на САД Бен Бернанке, претседателот на Европската централна банка Жан-Клод Трише и шефот на јапонската Централна банка Масаки Ширакаца.

На седмото и осмото место се британскиот премиер Гордон Браун и германскиот канцелар Ангела Меркел. На деветото место е рускиот премиер Владимир Путин, а на десетото – кралот на Саудиска Арабија Абдала ибн Абдел Азис ал Сауд.
Според листата на „Њузвик“ на 12-то место се наоѓа севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ил, а на 13-то и 14-то се Хилари и Бил Клинтон.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top