НАЈНОВА ВЕСТ: Јахта потона кај грчки остров

Британска јахта со 18 патници потона денеска во близина на егејскиот остров Милос, објави грчката телевизија ЕРТ 1.

 |   | 

Јахта со 18 патници потона денеска во близина на егејскиот остров Милос, објави грчката телевизија ЕРТ 1.

Според пристанишните власти во Милос, несреќата се случила 16 наутички милји северозападно од островот.

Во спасувачката операција биле спасени сите 18 патници, а станува збор за јахта долга 30 метри, на која било истакнато знамето на Велика Британија.

Пристанишната служба на Милос информираше дека хеликоптери од грчкото воздухопловство и морнарицата биле на местото на настанот, а во спасувачката операција учествувале и чамци на крајбрежната стража, како и рибарски бродови.

Забележано е дека во таа област дуваат ветрови од 4 до 5 степени според Бофоровата скала.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top