Најмалку 30 жртви во експлозијата во Италија

Најмалку 30 луѓе, меѓу кои и две деца го загубија животот, а 36 се повредени во експлозијата до која дојде по синоќешното излетување од шините на железничката композиција составена од 14 вагони-цистерни со течен гас на северот на Италија, јавија утрово италијанските медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 
vagon
вагон

Најмалку 30 луѓе, меѓу кои и две деца го загубија животот, а 36 се повредени во експлозијата до која дојде по синоќешното излетување од шините на железничката композиција составена од 14 вагони-цистерни со течен гас на северот на Италија, јавија утрово италијанските медиуми.
До несреќата дошло кај градот Виареџо, кога пет вагони на товарната композиција излетале од шините, а две цистерни со течен гас експлодирале, предизвикувајќи голем пожар кој ги зафатил блиските куќи.

 

eksplozijaПет лица го загубиле животот во една од двете згради кои се урнале откако вагоните удриле во нив, додека шестото лице загинало додека возело мотоцикл покрај пругата.

Многумина меѓу повредените се здобиле со тешки изгореници.
До експлозијата дошло нешто пред полноќ на околу 200 метри после станицата во Виареџо, а возот составен од 14 вагони одел кон Пиза.

Италијанските власти ја исклучуваат верзијата за атентат како причина за железничката несреќа. Најверојатна причина за несреќата на товарниот воз е дефект во системот на сопирачки.
Градоначалникот на Виареџо соопшти дека се евакуирани илјада жители на згради околу местото на несреќата. Железничката станица се наоѓа во историскиот центар на градот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top