Најмалку 15 луѓе се убиени во два одвоени напади врз припадниците на пакистанската полиција.
Најмалку 15 луѓе се убиени во два одвоени напади врз припадниците на пакистанската полиција.
Пет луѓе се убиени во нападот на вооружени напаѓачи на штабот на полициската Сојузна разузнавачка агенција во Лахоре. Еден од убиените е напаѓач, а засега контрадикторни се информациите дали напаѓачите упаднале во зградата и ги држеле во заложништво полицајците.
Во Лахоре во четврток е нападнато и полициското училиште, но засега нема податоци за жртви.
Претходно бомбаш самоубиец активираше експлозивна направа пред полициската станица во Кохат, при што се убиени 10 луѓе, меѓу кои и неколку деца.
Се претпоставува дека овие напади се одговор на офанзивата што последните денови пакистанската војска ја спроведува против талибанците во Јужен Вазиристан.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град