Истражувањето покажува дека за разлика од кокаинот и синтетичките дроги, што се користат главно за време на викендите, марихуаната е секојдневно средство што го користат Французите.
Истражувањето покажува дека за разлика од кокаинот и синтетичките дроги, што се користат главно за време на викендите, марихуаната е секојдневно средство што го користат Французите.
Податоци од истражување објавено од медиумите во Белгија, покажуваат дека Французите се најголеми уживатели на дрога во Европа. Резултатите од истражувањето се добиени со проверка на отпадните води во урбаните средини. Анализата во Францијапокажала дека концентрацијата на молекулите, што се содржат во канабисот, во водата е петпати повисока од податоците за Амстердам.
Податоците од истражувањето покажуваат дека, за разлика од кокаинот и синтетичките дроги, што се користат главно за време на викендите, марихуаната е секојдневно средство што го користат Французите.
Студијата, исто така, покажува дека постои разлика во наркотиците што се користат во различни географски зони. Така, употребата на хероин преовладува во североисточниот дел на Франција, додека на југ повеќе се користи амфетаминот и кокаинот. Според податоците од истражувањето употребата на наркотици во големите француски градови е за 2,5 пати повеќе во однос на малите населени места.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град