Едно време беше убедена дека Африка е држава а не континет а сега поранешната гувернерка на Алјаска изјавува дека САД “треба да бидат покрај своите севернокорејски сојузници.“
Сара Палин гафот го направила во радио интервју, одговарајќи на прашањето што мисли за случувањата поврзани со Северна и Јужна Кореја.
“Не верувам дека Белата Куќа ќе излезе со цврста политика за санкционирање на она што би го направила Северна Кореја… Но, ние мора да бидеме покрај нашите сојузници од Северна Kореја,“ изјавила Палин.
Во јавноста веќе се шпекулира дека оваа грешка ќе и наштети на Палин, која и порано била на мета на медиумите кои ја обвинуваа дека слабо се разбира од надворешна политика.
Во книгата “Game Change“ за претседателската изборна кампања во 2008-та, се откриваат некои забелешки за слабата информираност на Палин, кои најверојатно потекнуваат од еден од советниците на Мекејн.
“Палин не можеше да објасни зошто Северна и Јужна Кореја се одделни држави… Прашана кој ги нападнал САД на 9-ти септември, таа неколку пати посочуваше дека тоа бил Садам Хусеин и не знаеше да каже против кого ќе се бори нејзиниот син во Ирак,“ пишувало на 397-та страница од книгата.
За време на претседателската кампања, при еден сличен гаф, Барак Обама изјави дека посетил 57 сојузни држави.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град