Надворешниот долг на Грција ги тресе светските берзи

Финансиските експерти предупредуваат дека кревкото глобално заздравување може да биде загрозено од кризата во Грција.

 |  Маја Савиќ  | 
Atina
Атина

GrcijaВо санирањето на тешката финансиска состојба на Грција треба да интервенира Меѓународниот монетарен фонд, а не Европската унија, „пред грчката драма да се претвори во криза“, пишува „Фајненшл тајмс“.

Реакцијата на лондонскиот весник доаѓа веднаш по серијата потреси на светските берзи предизвикани од рекордниот надворешен долг на Грција.

Финансиските експерти предупредуваат дека кревкото глобално заздравување може да биде загрозено од кризата во Грција и можноста таа да се префрли во Шпанија и Португалија.

Меѓународните инвеститори стравуваат од расцеп во еврозоната. Шпанските банкари ги смируваат – споредбата на Грција со Шпанија е како да се споредуваат „Реал Мадрид“ и некој мал, второлигашки фудбалски клуб.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top