Набрзо решение на спорот Хрватска-Словенија

Словенечкиот претседател Данило Тирк изрази очекување дека ќе биде решен граничниот спор со Хрватска.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Словенечкиот претседател Данило Тирк изрази очекување дека ќе биде решен граничниот спор со Хрватска.

moreСпоред Тирк, посредничката иницијатива на Европската комисија и напорите на еврокомесарот за проширување Оли Рен ќе отворат пат до решение.

„Многу сериозно ја разгледуваме таа иницијатива“, изјави Тирк за австрискиот весник Куриер, осврнувајќи се на посредничките напори на ЕК.

„Доставивме неколку предлози за измена на предлогот на Комисијата. Се надевам дека врз основа на тоа ќе биде можно брзо да напредуваме“, изјави Тирк.

Тој нагласи дека Словенија „во никој случај“ нема намера да го блокира хрватскиот процес за влез во Европската унија.

„Се надеваме дека Хрватска ќе ги исполни пристапните критериуми. Хрватска во догледно време ќе биде членка на ЕУ“, изјави словенечкиот претседател Данило Тирк.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top