На светот му се заканува „темпирана бомба“ поради инфлацијата

Можеби некому му се чини дека инфлацијата е проблем кој ќе исчезне, но голема е веројатноста дека ќе доведе до криза во годините кои претстојат, предупредија економистите на Дојче банк.

 |   | 

Можеби некому му се чини дека инфлацијата е проблем кој ќе исчезне, но голема е веројатноста дека ќе доведе до криза во годините кои претстојат, предупредија економистите на Дојче банк. Во прогнозата која е далеку од консензусот на креаторите на политиката и на Вол стрит, Дојче банк издаде предупредување во кое се наведува дека отфрлањето на стравот од инфлацијата ќе се покаже како голема грешка до 2023 година.

Анализата особено покажува со прст кон Федералните резерви (ФЕД) и новата рамка со која се толерира поголемата инфлација за целосно и исклучиво заздравување. Банката тврди дека одлуката на ФЕД да не ја заостри политиката сè додека инфлацијата не покаже постојан раст, ќе има страшни последици за светот.

Последицата на доцнењето ќе биде поголемо нарушување на економската и финансиската активност отколку што инаку би бил случајот – напиша главниот економист на Дојче банк, Дејвид Фолкертс.

Ова би можело да создаде значителна рецесија и да придвижи ланец на финансиски проблеми низ светот, особено на пазарите во развој, како темпирана бомба – предупреди тој.

Како дел на својот пристап на инфлацијата, ФЕД нема да ги крева каматните стапки, ниту да ја намали програмата за купување имот сè додека не види „значителен понатамошен напредок“ кон своите сеопфатни цели. Повеќе функционери на американската централна банка кажаа дека не се ни блиску до тие цели.

Во меѓувреме, показателите како индексот на потрошувачките цени и издатоците за личната потрошувачка се значително над целта на инфлацијата на ФЕД, која изнесува два отсто. Креаторите на политиката велат дека актуелниот пораст на инфлацијата е привремен и дека ќе се намали кога ќе исчезнат прекините во снабдувањето, и кога ќе завршат последиците од пандемијата на коронавирусот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top