САД и ЕУ повикаа на смирување на Косово по тензите настанати откако владата во Приштина им нареди на безбедносните сили да ја превземат контролата врз двата гранични премина со Србија.
Во контроверзаната акција, без консултации со меѓународните фактори, загина еден полицаец, етнички албанец, а , во престрелките меѓу локалното српско население и косовските специјални сили беа повредени неколку лица.
НАТО соопшти дека по вчерашните инциденти на северот на Косово се зголемени патролите и нивото на готовност е подигнато со цел справување со какви било немири.
Меѓународната заедница имено изрази загриженост за состојбата на Косово.
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, разговараше со претседателот на Србија, Борис Тадиќ, и со косовскиот премиер, Хашим Тачи, за ситуацијата на северот од Косово. Таа ја изрази загриженоста на Унијата поради ескалацијата на тензиите и нагласи дека дијалогот, под покровителство на Унијата е единствен пат за пронаоѓање на решение. Ештон ги повика Тадиќ и Тачи да помогнат да се отстранат тензиите и да сторат се што е во нивна моќ за да ја смират ситуацијата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град
Известувања