Можно е ширење на тропските болести поради глобалното затоплување

Климатските промени ќе имаат катастрофални последици во наредните 50 години, затоа што сите тропски болести, како што е маларијата, ќе се прошират и во други реони на Земјата, оценија група лекари од американскиот Центар за контрола и превенција на болестите.

 |  Маја Савиќ  | 
komarec
комарец

komarecКлиматските промени ќе имаат катастрофални последици во наредните 50 години, затоа што сите тропски болести, како што е маларијата, ќе се прошират и во други реони на Земјата, оценија група лекари од американскиот Центар за контрола и превенција на болестите

Ваквите предвидување се изнесени во новата книга под наслов „Внатрешна епидемија – елитни медицински детекетиви од епидемолошката информативна служба“, каде авторот Марк Пендерграст ги изнесува болестите кои Центарот ги смета за „најголем нов предизвик за здравиот живот на луѓето“.

Лекарите-медицински детективи од насловот на книгата, патувале по светот при што ги изучувале и идентификувале болестите и барале начини за спречување на заканата по човековото здравје.

Книгата на Пендерграст зборува за тоа како лекарите од Епидемиолошката информативна служба помогнале во идентификацијата на болестите во текот на последните 60 години, меѓутоа, најважната порака на книгата е подобро да се спречи отколку да се лечи.

Дениз Ку од Центарот за контрола и превенција на болести истакнува дека природното окружување има голема улога во одредувањето на човековото здравје.

– Прашањето за емисиите на штетни гасови и климатските промени е многу важно затоа што се преплетува со другите системски прашања, вели Ку.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top