Членовите на мисијата која ја финансира САД, а ја води Mountain Institute се собрале во Катманду за да пробаат да најдат практично решение за езерата кои настануваат со топењето на мразот.
Научниците признаваат дека сеуште ја немаат целосната слика на промени кои се случуваат високо на Хималаите. Задачата со која се соочуваат не е тешка само поради големината и недостапноста, туку поради фактот дека стручната заедница сеуште не се опоравила од природната катастрофа која ја доживеала минатата година.
Но, локалните жители и алпинистите тврдат дека климатските промени и топењето на мразот можат да се воочат на висини над 8.000 метри.
‘Минатата година кога се качував на Монт Еверест поголемиот дел од качувањето го направив без додатна опрема бидејќи карпите претежно беа без мраз.’, изјавил Џон Ал, експерт за непалските глечери и додал: ‘Претходно тоа беше самоубиство поради големото количество на мраз.’
Ал вели дека теренот денес е потполно поинаков од оној кој го опишувале поранешните генерации на планинари.
Tshering Tenzing Sherpa, кој во тоа подрачје во последните неколку години ги надгледувал акциите за чистење на ѓубрето, вели дека базниот камп на Еверест во близина на глечерот Кумбу, истотака сосема го променил изгледот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град