Тајфунот „Моракот“ се приближува кон Кина откако помина преку северниот дел на Тајван каде однесе два човечки живота, четворица се сметаат за исчезнати, а 10 луѓе се повредени, соопштија локалните власти.

Тајфунот, чија сила вчера се намали, денеска продолжи да се движи над Тајван кон Кина, со ветер кој достигна 119 километри на час, соопшти Централната метеоролошка служба на Тајван.
„Моракот“ е најсилен тајфун кој оваа година го погоди Тајван предизвикувајќи откажување на авионските летови и затворање на пристаништата поради ветрот кој дуваше и со 180 километри на час. Претходно тајфунот причини голема поплава на Филипините, каде загинаа 12 лица, а околу 400.000 мораа да ги напуштат своите домови во јужниот дел на земјата.
Се очекува „Моракот“, чие име означува „тајвански смарагд“, да ја погоди Кина денеска подоцна.
Тајфуните редовно ги погодуваат Кина, Тајван, Филипините и Јапонија во втората половина од годината, добивајќи јачина од топлите води на Тихиот Океан и Јужното Кинеско Море, по што ја губат силата над копното.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град