Момче починало откако погрешно му дијагностицирале свински грип по телефон

На осумгодишно момче во болница во Манчестер одбиле да му помогнат затоа што не било „доволно болно“. Потоа му дале погрешна дијагноза по телефон. Два дена подоцна починало.

 |  Maja Савиќ  | 
doctor
доктор

doktorkaОсумгодишниот Луис Остин починал поради погрешна дијагноза. Во амбуланта во Манчестер одбиле да го лечат бидејќи имал лесна клиничка слика. Откако родителите потоа повикале брза помош бидејќи состојбата на момчето му се влошила, само ги префрлиле на телефон кај дежурната докторка. Таа пак преку телефон дијагностицирала свински грип и препишала Тамифлу. На момчето по два дена му откажале бубрезите поради недијагностициран дијабетес. Да го примеле веднаш во болницата шансите да преживее биле 95%, покажала истрагата.
Мајката на момчето, Мелани Остин, се обвинува себе си зошто не била поупорна во настојувањето да го задржат нејзиниот син во болница..
Раководителите на болницата ја признале грешката на нивниот персонал. „Одлуките да не се прими пациентот и да не се испрати брза помош беа погрешни. Ниеден доктор не сака да му се случи тоа. И јас имам осумгодишна ќерка.“-изјавила докторката Трејси Леј, која преку телефон дијагностицирала свински грип.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top