Мобилните во Индија забранети за немажени жени

Старешините на едно село во северниот дел на Индија донесоа одлука со која на немажените жени им се забранува користење мобилни телефони, со цел да  бидат спречени да договараат недозволени бракови и со тоа да станат жртви на убиство од чест.

 |  Маја Савиќ  | 
india, devojka so mobilen
Индија, девојка со мобилен

india, devojka so mobilenСтарешините на едно село во северниот дел на Индија донесоа одлука со која на немажените жени им се забранува користење мобилни телефони, со цел да  бидат спречени да договараат недозволени бракови и со тоа да станат жртви на убиство од чест.

Според одлуката на старешината од селото Ланк, неженетите момчиња ќе можат да користат мобилни телефони, но само под строга контрола на родителите.

Локалните здруженија за заштита на правата на жените ја критикуваат оваа драстична мерка како заостаната и неправедна.

Еден од старешините на селото изјави дека забраната е донесена поради стравувањата дека момчињата и девојчињата тајно ќе договараат бракови, што е спротивно на локалните обичаи.

Според податоците на локалната полиција само минатиот месец во областа Музнафарнагар во државата Утар Прадеш, каде се наоѓа селото Ланк, побегнале 34 двојки, што довело до осум убиства од чест.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top