Телевизијата на Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФТВ) синоќа емитуваше аматерски снимки, на кои се гледа најпознатиот хашки бегалец, Ратко Младиќ.
Телевизијата на Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФТВ) синоќа емитуваше аматерски снимки, на кои се гледа најпознатиот хашки бегалец, Ратко Младиќ.
Снимките се направени во изминатите 12 години, а најголем дел од нив се снимени во белградската населба Кошутњак, каде што Младиќ пред камерата се весели на свадба и се дружи со семејството и пријателите.
Покрај тоа, на една од снимките направена во 2.000-та година, Младиќ е прикажан на свадба во Источно Сараево, во ресторанот „Кула“.
Во политичкиот магазин „60 минути“, на ФТВ емитувани се и снимки од една касарна на тогашната војска на Југославија, каде што Младиќ игра пинг понг.
На последната снимка, за која се претпоставува дека е направена на крајот на минатата година, Младиќ е прикажан како си игра на снег со семејството, но забележливо е дека се движи отежнато со помош на стап.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град