Операција „Минотаур“ против италијанската мафија

Повеќе од 140 припадници на озлогласениот калабриски клан Ндрангета се уапсени измината ноќ во голема полициска операција против припадниците на мафијата.

 |   | 
carabineri
карабинери

Повеќе од 140 припадници на озлогласениот калабриски клан Ндрангета се уапсени измината ноќ во голема полициска операција против припадниците на мафијата.

Околу 1.300 карабињери се вклучени во акцијата „Минотаур“ која се спроведува во Торино, Милано и Модена во северниот и Реџо Калабрија во источниот дел на земјата. Во соработка со одделението за борба против мафијата во Торино, за време на операцијата се извршени бројни претреси. Полицијата привела локални политичари кои се сомничат за здружување со мафијашки групи.

operacijaИстрагата за акцијата „Минотаур“ траела четири години. Полицијата во акцијата запленила имоти во вредност од 70 милиони евра.

Ндрангета, во последните неколку децении, стана најсилна меѓу четирите мафијашки кланови во Италија, меѓу кои се Камора од Неапол, Коза Ностра од Сицилија и најмалата Сакра корона унита од Апулија.

Според податоците на специјализираниот италијански институт Еуриспес, минатата година Ндрангета остварила приход од 44 милијарди евра, пред се благодарение на трговијата со дрога и оружје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top