Комитетот за заштита на новинари со седиште во Њујорк, го објави извештајот за 2009 година во кој се наведува дека минатата година била најсмртоносна за членовите на оваа професијата од 1992 година, од кога овој комитет ги следи нападите врз новинарите од целиот свет.

Минатата година убиени се 71 новинар. Повеќето од нив биле убиени во Филипини – 33, поради што земјата беше прогласена за најопасна за новинарите во изминатата година, објави “Гласот на Америка”.
Иран е високо рангиран на списокот на опасни земји за претставниците на медиумите, иако во текот на 2009 година убиен е само еден новинар. Причина за тоа е што по спорните претседателски избори уапсени се повеќе од 90 новинари.
Комисија за заштита на новинарите наведува дека Ирак станал побезбеден за новинарите, а ситуацијата се влошила во Сомалија, Авганистан и Пакистан.
Независните новинари и оние чии текстови се објавени на Интернет се загрозени како никогаш досега, според извештајот на Комитетот за заштита на новинарите за 2009 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град