Ангела Меркел: Ќе има војна во Европа!

Ако пропадне еврото ќе се загрози мирот во Европа, предупредила германската канцеларка, Ангела Меркел.

 |   | 
evra
evra

evroАко пропадне еврото ќе се загрози мирот во Европа, предупредила германската канцеларка, Ангела Меркел.

Пропаѓањето на еврото води кон нова војна во Европа, предупредила Ангела Меркел на самитот во ЕУ кој е одржан ред два дена во Брисел.

Таа нагласила дека ЕУ се наоѓа во најсериозната криза по Втората светска војна и пропаѓањето на еврото може да значи и пропаст на 27- членската заедница на земји на Стариот континент.

Сериозното предупредување на Меркел во текот на мачните преговори на лидерите на ЕУ на маратонскиот самит кој траел со часови одекнало на сите светски медиуми.

Имено, 27 државници не можеле да се договорат како да ја решат економската криза. По драматичното предупредување на Меркел, лидерите на ЕУ гласале за зголемување на фондот за презадолжени членови од еврозоната со сегашни 440 милијард на дури билион евра. Тој фонд треба да претставува своеврсна сигурност за инвеститорите дека Европа е способна да се избори со кризата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top