Се менува форматот на плеј-оф натпреварите во НБА

Челниците на НБА лигата најверојатно ќе направат промена на традиционалниот формат на финалната серија и ќе го вратат 2-2-1-1-1 форматот како и во сите останати рунди од плејоф серијата.

 |  Голабовски Крсте  | 
topka
топка

Челниците на НБА лигата најверојатно ќе направат промена на традиционалниот формат на финалната серија и ќе го вратат 2-2-1-1-1 форматот како и во сите останати рунди од плејоф серијата.

Натпреварувачката комисија на НБА лигата гласаше позитивно за поднесувањето на предлогот до бордот на директори на НБА лигата за промената на форматот на финалната серија од плејофот.

Моменталниот 2-3-2 формат на одигрување на натпревари во финалето се очекува да биде вратен на 2-2-1-1-1 формат како што и се играат претходните рунди.

tabelaОвој формат се користи од 1985-та година кога чести во финалињата се среќаваа Бостон Селтикс и ЛА Лејкерс, па за нив беа проблематични долгите летови. Сега сите екипи користат чартер летови и го немаат тој проблем со патувањето.

Според критичарите, овој формат им дава предност на послабо рангираните тимови во петтиот натпревар кој се смета са клучен во серијата. Минатата сезона Мајами Хит станаа само четвртиот тим во 29 годишната историја кој се вратил од 2:3, победувајќи на последните два натпревари на домашен терен.

Промената на форматот најверојатно ќе биде изгласана на следниот состанок во октомври и ќе биде имплементирана за финалето во 2014-та година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top