Во Меѓународниот суд во Хаг почнува правната битка за Косово

Во Меѓународниот суд во Хаг денеска почнуваат дебатите по прашањето за законитоста на независноста на Косово.

 |  Крсте Голабовски  | 
Хаг
Hague

Во Меѓународниот суд во Хаг денеска почнуваат дебатите по прашањето за законитоста на независноста на Косово,  кое Генералното собрание на ОН му го постави на Трибуналот по иницијатива на Србија.

KosovoВкупно 30 држави ќе се изјаснат за време на сослушувањата, меѓу кои и петте постојани членки на Советот за безбеднот на ОН (Кина, САД, Франција, Велика Британија, Русија). Сослушувањата ќе продолжат до 11 декември.
Претставниците на Србија и на Косово ќе се изјаснат на првиот ден, 1 декември, и ќе имаат збор по три часа. Другите земји ќе имаат можност да ја изразат својата позиција во наредните денови и секоја ќе има збор 45 минути.
– Србија очекува долга и тешка битка, за да ја докаже позицијата против независноста на Косово во Меѓународниот суд во Хаг, изјави српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, кој заминува денеска во Хаг, за присуствува за почетокот на сослушувањата. Тој, меѓутоа, нема да учествува во дебатите.
– Ќе претставиме силни аргументи во заштита на правото на Косово да биде независна и суверена држава и во заштита на политичката волја на народот на Косово за државност, изјави од своја страна косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени.
Евентуалната одлука на Меѓународниот суд на правдата (МПС), дека едностраната декларација за независност на Косово не е во согласност со меѓународното право, би ја принудила Приштина да преговара за ново решение со Белград, изјави изминатиот викенд холандскиот експерт по меѓународно право Андре де Хог.
Наспроти тоа, одлуката на МСП во корист на косовските институции би можело да поттикне некои држави да ја признаат еднострано прогласената независност на Косово, оцени Де Хог, предавач по меѓународно право на Универзитетот во Гронинген, Холандија.
На 17 февруари 2008 година Косово прогласи независност, која до денес е признаена од 63 држави, меѓу кои САД и повеќето земји-членки на ЕУ.
Мислењето на Меѓународниот суд во Хаг не е обврзувачко, но Србија се надева дека ќе биде поволно за неа и ќе помогне да започне одново преговори за статусот на Косово.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top