Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот

На денешен ден, 27. јануари, во 1945. година Црвената армија ги ослободи последните 7.650 преживеани логораши.

 |  Маја Савиќ  | 
holokaust
холокауст

zrtvi od holokaustПолска и Израел, а со нив и целиот свет денеска во Аушвиц ќе го одбележат Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.

На денешен ден, 27. јануари, во 1945. година војниците на Црвената армија ги ослободија последните 7.650 преживеани логораши.
Традиционалната порака до светот од Аушвиц дека холокаустот не смее никогаш да се заборави за да не се повтори, ќе ја упатат од пред споменикот на жртвите на холокаустот претседателот на Полска Лех Качињски, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и рускиот министер за образование и наука Андреј Фурсенко, како специјален претставник на претседателот ан Русија Дмитри Медведев.
Во Државниот музеј на некогашниот нацистички логор Аушвиц Биркенау утре ќе биде отворена и голема изложба за ослободувањето на логорот кога загинаа повеќе од 200 руски војници.
Централниот помен ќе заврши со заедничка молитва, пред споменикот на жртвите на Аушвиц, пред кој ќе бидат запалени свеќи.
Од 1940. година кога нацистите отворија концентрационен логор на периферијата на Аушвиц на југот на Полска, во гасните комори на логорот или поради ужасните услови за живот но и медицинските експерименти кои биле вршени врз затворениците, животот го изгубија повеќе од 1,1 милион луѓе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top