Mеѓу загинатите во земјотресот во Италија има четворица Македонци

Стотици лица загинаа во Фоса, во близина на Аквила, престолнина на областа Абруцо во централна Италија, каде синоќа беше регистриран силен земјотрес, објавија италијанските медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 
Fosa
Фоса

Стотици лица загинаа во Фоса, во близина на Аквила, престолнина на областа Абруцо во централна Италија, каде синоќа беше регистриран силен земјотрес, објавија италијанските медиуми.

Земјотресот со интензитет од 6,3 според Рихтер го потресе овој дел на Италија нешто по три часот по полноќ, уривајќи згради во историскиот центар на Аквила. Едно одморалиште за деца во Аквила, каде живеат 60.000 жители, делумно се урнало.
Жителите од овој град и од многубројните планински села во регионот во паника излегле на улиците.
Според соопштението на италијанската Служба за цивилна заштита, епицентарот на потресот бил на пет километри под Аквила. Илјадници семејства се останати без покрив над главата, а бројот на жртвите постојано се зголемува.

FosaСпоред весникот „Република“, цитиран од рускиот сајт Њуз.Ру, меѓу жртвите има и четворица македонски државјани
Во Аквила, каде се урнаа многу згради со културно-историски значење, спасувачките екипи се уште бараат преживеани под урнатините. Еден студент, кој навреме го напуштил студентскиот дом кој се урнал, за телевизијата РАИ изјави дека земјотресот ги разбудил повеќето студенти кои избегале по скалите пред да се урне покривот на домот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top