Медведев, господар на времето

Русија го укинува зимското сметање на времето.

 |  Маја Савиќ  | 
casovnik
часовник

casovniciРусија го укинува зимското сметање на времето. Оваа одлука во јавност ја изјавил претседателот Димитриј Медведев, кој кажал дека Русија отсега ќе егзистира само на лето време, бидејќи смета дека тоа е здраво за жителите, но и за стоката.

‘Испратив налог во владата за укинување на зимското сметање на времето’, рекол Медведев на средбата со млади научници, пренесува Точка.

Медведев тврди дека жителите на Русија на овој начин ќе се заштитат од стрес и болести кои се предизвикани од променливото сметање на времето.

‘Со поместување на стрелките на часовникот секоја пролет и есен, се дестабилизира биолошкиот ритам на човекот и тоа на сите ни смета. А што би можеле да кажеме за кравите и други сироти животни, кои и не го разбираат поимот промена на времето и не им е јасно зошто се хранат или молзат во друго време’, рекол Медведев.

Русите своите стрелки на часовникот, како што ветил Медведев ќе ги поместат само уште еден пат, оваа пролет. ‘Уште еднаш ќе стиснеме заби и ќе ги мрднеме стрелките на часовникот, а тоа за последен пат ќе се случи оваа пролет’, заклучил Медведев.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top