Медлин Олбрајт дел од експертскиот тим на НАТО

Поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт ќе биде дел од експертот тим, кои треба да ја осмисли стратегијата за новиот концепт на НАТО.

 |  Крсте Голабовски  | 
Medlin Olbrajt
Медлин Олбрајт

Поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт ќе биде дел од експертот тим, кои треба да ја осмисли стратегијата за новиот концепт на НАТО.

Medlin OlbrajtЕкс британскиот министер за одбрана Џефри Хун, исто така, ќе биде меѓу десетината експерти, кои ќе ги постават основите на новата стратешка концепција на НАТО; соопшти синоќа дипломат во Брисел, кој побара да остане анонимен.

Сегашната стратешка концепција на НАТО, која на Алијансата и дава одврзани раце да презема дејствија во врска со предизвиците во областа на одбраната и го трасираше воениот и политичкиот развој, беше донесена во 1999 година во Вашингтон.

Новиот документ треба да ги земе предвид предизвиците, како што се хакерските напади, климатските промени и енергетската сигурност, како и развојот на тероризмот, по нападите во САД од 11 септември 2001.

Новата стратегија може да биде донесена на самитот на НАТО што идната година ќе се одржи во Лисабон.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top