Масакар во Турција

Најмалку 45 лица се убиени синоќа во напад на непознати вооружени лица на една свадбена веселба во југоисточниот дел на Турција, изјави вршителот на должност гувернер на провинцијата Мардин, Ахмет Ферхат Озен.

 |  Крсте Голабовски  | 
povreden
повреден

Најмалку 45 лица се убиени синоќа во напад на непознати вооружени лица на една свадбена веселба во југоисточниот дел на Турција, изјави вршителот на должност гувернер на провинцијата Мардин, Ахмет Ферхат Озен.

– Напаѓачите кои носеле маски, влегле во салата со гости и отвориле оган од автоматски пушки и рачни гранати, истакна Озен.

Според последните информации, во инцидентот има најмалку 20 повредени, а Озен смета дека бројот на загинатите би можел да биде поголем. За време на нападот на веселбата биле присутни 200 годити. Озен нагласи дека локалната „паравоена полиција“ започнала потера по напаѓачите во местото на масакрот, селото Билџе, кое е оддалечено 20 километри од градот Мардин. Местото на крвавиот масакр се наоѓа на десетина километри од границата меѓу Турција и Сирија. Реонот моментално е блокиран од армиски и полициски единици и целиот се пребарува.
Турските медиуми објавија дека семејствата на невестата и младоженецот биле припадници на Селската стража, милиција под контрола на властите која е формирана за борба против курдските бунтовници во оваа област.

Според жителите на селото, пак, најверојатно причина за злосторството е нетрпеливоста меѓу семејствата или крвна одмазда.

krvava svadbaНеколкумина преживеани потврдија дека четворица маскирани вооружени напаѓачи се појавиле во селото од четири различни правци. Тие ја нападнале куќата, во која претходно локалниот имам, кој исто така е меѓу жртвите, извршил служба по повод венчавањето. Напаѓачите фрлиле гранати, а потоа ги натерале жените и децата да се соберат во една од собите на куќата и ги застрелале. Повеќето од жртвите се жени и деца. Убиен е и актуелниот кмет на селото Хамид Челеби и 10 членови на неговото семејство. Инаку свадбата била на черката на Џемил Челеби, кој е поранешен кмет на селото.

Турскиот министер за внатрешни работи Бешир Аталаи ги отфрли тврдењата дека нападот е дело на терористи. Тој и неколкумина турски пратеници денеска ќе го посетат селото.
Овој крвав чин е еден од најтешките со цивилни жртви во Турција во последните години.
Осум лица се уапсени во врска со нападот на свадбена веселба во село во Југоисточна Турција, во кој беа убиени 44 лица, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Бешир Аталај.
Тој објасни дека мотив за нападот било несогласувањето меѓу семејствата на невестата и младоженецот и крвна одмазда. Аталај потврди дека повеќето од жртвите се жени и деца.
Според последните информации, во инцидентот има најмалку 20 повредени.
За време на нападот на веселбата биле присутни 200 гости. Масакрот се случи во селото Билџе, кое е оддалечено 20 километри од градот Мардин. Местото на крвавиот чин се наоѓа на десетина километри од границата меѓу Турција и Сирија.

Реонот моментално е блокиран од армиски и полициски единици.
Овој крвав чин е еден од најтешките со цивилни жртви во Турција во последните години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top