Марш „Исламот против теророт“ на улиците на Москва

Околу 2.000 млади од различни религии денеска ќе учествуваат во маршот на улиците на Москва под мотото „Исламот против теророт“, соопштија од политичкото движење „Наши“, а пренесуваат руските агенции.

 |  Маја Савиќ  | 
dzamija
џамија

minareЦелиот настан е организиран на иницијатива на младите муслимани од Москва, кои беа шокирани од неодамнешните терористички напади на двете станици на подземната железница во руската престолнина.

Во двојниот терористички напад врз станиците на подземната железница во Москва „Љубјанка“ и „ Парк на културата“, на 29 март, загинаа 49 лица, додека околу стотина беа повредени. Два дена подоцна во градот Кизљар, во рускиот регион Дагестан, од експлозија на две бомби загинаа 12 лица.

Муслиманите се многу загрижени поради можноста од појава на ксенофобија во општеството заради терористите, криминалци кои убиваат луѓе, и поради кои е ставено петно на целокупниот муслимански свет зад кој се кријат кога извршуваат незаконски дејствија, се наведува во соопштениоето.

Цел на маршот е да се покаже дека тероризмот нема вера или националност и да се демантираат стеротипите што се шират околу исламот во модерното општество, како и да се упати повик до светските конфесии за да се обединат во борбата против тероризмот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top