Демонстранти во повеќе стотици граѓани ширум светот излегоа синоќа на улиците на „Марш на милион маски“, насочен против корпоративната алчност и репресијата на власта.
Демонстранти во повеќе стотици граѓани ширум светот излегоа синоќа на улиците на „Марш на милион маски“, насочен против корпоративната алчност и репресијата на власта.
Маршеви се одржани од Сао Паоло до Мелбурн, а меѓу 450-те градови во кои се маршираше се Лондон, Ванкувер, Њујорк, Белград, Токио, Прага, Париз, Даблин, Тел Авив.
Демонстрантите носеа маски со главното обележје на „хакерското“ движење „Анонимуси“ и движењето „Окупирај“.
„Запомнете кои ви се непријатели: милијардерите кои се сопственици на банки и корпорации, кои ги плаќаат на корумпираните политичари, кои ги држат луѓето во заробеништво на неправдата“, наведено е во повикот за протест.
Протестот на милион маски се одржува на 5 ноември, на денот кога Гај Фокс во 1605 година се обидел да го дигне во воздух британскиот парламент во обидот за воспоставување на католичка монархија. Британците на тој ден палат големи клади. Маските со неговиот лик станаа симбол на меѓународниот протест против мерките на штедење и капиталистичкото расипништво.Во последно време станаа и дел од глобалната борба против прислушувањето на разузнавачките служби, па се редовна појава и на демонстрациите поврзани со Викиликс, како и со Едвард Сноуден.
Еден од највпечатливите маршеви е одржан во Лондон, а повеќе стотици поддржувачи на движењето „Анонимуси“ протестираа пред Бакингемската палата, каде дојде и до мал конфликт со полицијата. Демонстрантите ги отстрануваа и полициските барикади, а меѓу нив беше и познатиот комичар Расел Бренд, кој им пружеше поддршка.Се демонстрираше и пред Белата куќа, каде насобраните го повикаа претседателот Барак Обама да излезе и да објасни што ќе се случи со светската економија која веќе со години е во криза.
„Излези Обама, мораме да разговараме за некои работи. Сакаме власта да го претставува народот, а не корпорациите“, извикуваа демонстрантите во Вашингтон.
Иако нема официјална потврда, неколку луѓе биле уапсени, а на Твитер се појавија фотографии од апсењето и големиот број на насобрани граѓани.Во Лос Анџелес пораката на анонимните демонстранти беше дека на обичниот човек секој ден ширум светот му се кршат правата и дека е време за востание.Исто така, на Твитер и Фејсбук можат да се прочитаат критики на сметка на масовните медиуми, поради начинот на кој известуваа за маршевите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град