Максимум два степени дозволено зголемување на температурите

Зголемувањето на  глобалните температури треба да се ограничи до два степени целзиусови, се вели во предлогот за завршната декларација, кој денеска треба да биде претставен на последната седница на конференцијата за климата во Копенхаген.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Зголемувањето на  глобалните температури треба да се ограничи до два степени целзиусови, се вели во предлогот за завршната декларација, кој денеска треба да биде претставен на последната седница на конференцијата за климата во Копенхаген.

logoТекстот на завршната декларација беше усогласуван на полноќна вонредна средба на претставници од 28 држави, кои претставуваа одделни групи земји и региони.
Развиените земји го преземаат ангажманот да доставуваат по 100 милијарди долари годишно на сиромашните држави, за да им помогнат да ги адаптираат своите економии и да се справат со климатските промени, се вели во предлог-декларацијата.
Во текстот, кој најверојатно ќе претрпи уште промени, не се третира неопходното намалување на емисиите на штетни гасови.
Резултатите од вонрената средба, чија цел беше да се договори политичка рамка, врз основа на која ќе се изготвни глобалниот договор за борба против климатските промени, ќе бидат претставени денеска на седница, на која ќе учествуваат 120 лидери на држави и влади.
На средбата учествуваа генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, групата индустриски развиени земји претставена од САД (од државниот секретар Хилари Клинтон), Јапонија, Австралија, Русија и Норвешка. Европската унија е претставена од Германија (канцеларот Ангела Меркел), Данска, Велика Британија (премиерот Гордон Браун), Франција (претседателот Никола Саркози), Шведска (како актуелен претседавач со ЕУ), Шпанија и од претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
Групата на големите земји со брзо растечки економии беше претставена од Кина, Индија, Мексико, Јужна Африка, Бразил и Јужна Кореја.
Приусуствува и претставник на Саудиска Арабија, која е членка на ОПЕК. Судан ја претставува Г-77 (Група на земји во развој). Гренада и Малдивите ги претставуваа интересите на малите островски држави. Африканскиот континент беше претставен од Алжир и Етиопија. Лесото ја претставуваше групата на најсиромашни земји во светот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top