Мафијашко убиство во Валона

Приморскиот град Валона, синоќа, кусо по полноќ повторно го вознемири убиство од мафијашки тип, пренесуваат тамошните медиуми.

 |   | 

Пред вратата на неговиот дом убиен е Шкелзен Велај (42), кон кого напаѓачите рафално испукале најмалку 30 куршуми, од кои 15 завршиле во неговото тело.

-Настанот се случил во населбата „24 Мај“, а Велај бил застрелан со „Калашников“ на влезот од неговот дом, на петтиот кат од зграда. На враќање кон домот Велај забележал дека е следен од сомнителен автомобил, по што излегол од неговото возило и со трчање се упатил во зградата, но убијците го стигнале токму пред влезната врата на станот, стои во полициското соопштение.

Се додава дека автомобилот „БМВ“ без регистарски таблички, во кое биле убијците, полицијата го пронашла запален во близина на селото Рисил. По сторителите сеуште се трага.

Инаку, убиството се поврзува со таканареченот „масакр во Чола“, од 7 април 2015 година, кога во казино беа убиени три лица, меѓу нив и братот на сега убиениот Велај.

Полицијата тогаш уапсила три лица, по што едно од нив е осудено на доживотен затвор, а двајца со казна затвор од по 35 години.

По овој настан регистрирани биле уште неколку убиства, поврзани со него.

Првичните сознанија, според дел од медиумите, наведуваат на фактот дека мотив за синоќешниот атентат е крвна одмазда, но не се исклучува и пресметка меѓу нарко криминални групи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top