Мачу Пикчу отворена за јавноста

Познатата тврдина на Инките во џунглата во Перу, Мачу Пикчу, од денеска повторно е отворена за јавноста. Цели два месеца беше затворена откако силни дождови и надојдената вода на реката Урубамба кон крајот на јануари ја уништија железничката линија.

 |  Маја Савиќ  | 
macu piccu
мачу пикчу

macu piccuПознатата тврдина на Инките во џунглата во Перу, Мачу Пикчу, од денеска повторно е отворена за јавноста. Цели два месеца беше затворена откако силни дождови и надојдената вода на реката Урубамба кон крајот на јануари ја уништија железничката линија. Таа е единствениот начин како од блискиот град Куско да се дојде до оваа светски позната локација. Сега повторно магичниот град е отворен за посетители.

„Ни требаа многу денови за да дојдеме до тука. Иако врне, сепак се исплатеше. Ова што го гледаме тука ќе го запаметиме до крајот на животот. Ова место е волшебно“, вели Рајан, посетител од САД.

Перуанската војска во јануари мораше со воени хеликоптери да евакуира околу 4 илјади туристи кои останаа заглавени на Мачу Пикчу. Поради уништената инфраструктура, туризмот во оваа јужноамериканска земја загуби околу 200 милиони долари, односно околу 60 илјади туристички патувања. Во регионот на Куско се реализираат околу 90% од вкупниот број туристички посети во Перу.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top