Ромите денеска го празнуваат својот меѓународен ден, кој е прогласен во 1992 година од ОН и ЕУ по предлог на ромската меѓународна организација „Романо јунион“.
Ромите денеска го празнуваат својот меѓународен ден, кој е прогласен во 1992 година од ОН и ЕУ по предлог на ромската меѓународна организација „Романо јунион“.
По тој повод во голем број европски земји се организираат безброј свечености и конференции, чија цел е да се привлече вниманието врз проблемите на овој народ без држава, кој често е подложен на дискриминација и кој со своите 10 милиони припадници претствува најголемото малцинство во Европа.
Ромите во Европа ги има два милиони во Романија, 800.000 во Бугарија и 800.000 во Шпанија. Во Франција како Роми при пописот на населението се изјасниле 400.000 лица. Во Италија се претпоставува дека живеат 140.000 претставници на ромската заедница.
Во минатото Ромите биле номадски народ, чии предци го напуштиле северозападниот дел на Индија во почетокот на 11 век. Потоа тие биле заробувани и продавани во Мала Азија, пред да се распрснат низ Европа и останатиот дел од светот. Ромите имаат речиси илјада години стара историја и заеднички јазик, кој произлегува од санскритот.
Тие денеска се уште се сметаат за непосакувани во Европа и честопати се приморани да живеат во примитивни гета.
Ромите се борат за признавање и на нивниот заборавен од светот геноцид – Самударипен, кој е извршен врз нив за време на Втората светска војна. Тогаш биле убиени меѓу 250 и 500 илјади Роми, а 20.000 загинале во нацистичкиот концентрационен логор „Аушвиц“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град