Магазинот прави неколку категории и бразилскиот претседател е прв во категоријата – претседатели.
За да се образложи решението за Лула да Силва да биде на првото место на највлијателни личности во светот, Тајм цитира изјава на Мајкл Мур кој вели дека она што Лула го прави за Бразил е нешто што обично се вика американски сон.
Американската пејачка Лејди Гага е прва во категоријата „уметници“. Во таа категорија се и Принс, актерката Сандра Булок и канадскиот режисер Џејмс Камерун.
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е во категоријата „херои“ заедно со иранскиот опозициски лидер Мир Хосеин Мусави и американската тенис-ѕвезда Серена Вилијамс.
Хилари Клинтон не е меѓу рекордните 31 жена во овогодишната класификација.
Тајм направил и листа на 100-те најпопуларни личности врз основа на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук. Според таа листа, прв е Барак Обама по што следува Лејди Гага.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град