Планот предвидува пешачката зона да биде поделена на два дела, зона до прозорците на продавниците и зона која се граничи со улицата.
Тротоарите во близина на зградите, предвидени за бавно движење ќе бидат наменети за купувачи, туристи и луѓе кои сакаат да разгледуваат по излозите, додека по брзиот дел на патеката ќе се движат поенергичните минувачи и луѓето кои брзаат на работа.
Иницијатори за воведување на тротоари со две брзини се здруженијата на продавниците од лондонскиот центар, каде секојдневно минуваат се повеќе граѓани и посетители на главниот град. Низ централниот трговски булевар Оксфорд стрит секојдневно минуваат околу 100 илјади лица.
Секоја година центарот на Лондон заради купување или забава, го посетуваат повеќе од 200 милиони луѓе. Според менаџерите на локалните продавници, поделбата на тротоарите ќе внесе ред во движењето на познатите лондонски толпи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град