Локални избори и референдум во Италија

Италијанците и денеска излегуваат на избирачките места за да гласаат на референдум за изборниот закон, и на вториот круг локални избори, на кои левицата се надева на подобар резултат отколку во првиот круг.

 |  Крсте Голабовски  | 
Silvio Berlusconi
Силвио Берлускони

Италијанците и денеска излегуваат на избирачките места за да гласаат на референдум за изборниот закон, и на вториот круг локални избори, на кои левицата се надева на подобар резултат отколку во првиот круг.

spisociОдзивот на двете гласања, кои почнаа вчера, најверојатно ќе биде слаб, бидејќи изборите се одржуваат по скандалот во кој е вмешан премиерот Силвио Берлускони, и зголемена незаинтересираност на бирачите за политиката.

Гласачките места ќе бидат затворени попладне.

Првиот круг од делумните локални избори, кои се одржуваат во повеќе од половината општини и покраини, беше одржан пред две недели, истовремено со европските избори, а го одбележа успехот на десницата.

На референдумот, Италијанците се изјаснуваат за предлогот со кој би се зајакнало влијанието на големите партии и кој би довел до зголемување на цензусот за влез во Претставничкиот дом и Сенатот.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top