Љубовница на Кенеди објави скандалозни мемоари

Триесет и пет години пред аферата на Бил Клинтон со Моника Левински, во 1962 година тогашниот претседател Џон Кенеди имал врска со 19-годишната стажантка Мими Олфорд.

 |   | 
afera
afera

Триесет и пет години пред аферата на Бил Клинтон со Моника Левински, во 1962 година тогашниот претседател Џон Кенеди имал врска со 19-годишната стажантка Мими Олфорд, пишува весникот „Фигаро“.
Memoari
Мими денес има 69 години и раскажува за познанството со претседателот во својата книга. Претставувањето на мемоарите ќе биде во среда. Книгата е насловена „Беше еднаш една тајна – мојата врска со Џон Кенеди и последиците од неа“.

Извадоци од книгата денеска се објавени во американски изданија. Во мемоарите Мими споменува дека летото 1962 година успева да добие стажанство во прес-службата на претседателството.

MimiМладата блондинка таму се запознава со Џон Кенеди, кој тогаш бил на 45-годишна возраст.

Една вечер, за време на мала забава организирана по работниот ден во Белата куќа, тој ја одвел Мими во спалната соба на госпоѓа Кенеди. Мими тврди во своите мемоари дека тој и ја одзел невиноста и оти тоа и било прва љубовна вечер во нејзиниот живот, пишува весникот „Њујорк пост“.

Тајната врска на Мими со најмоќниот човек во САД трае една и пол година. Но деталите, објавени во мемоарите, не наведуваат оти се работело за љубовна, туку за присилна врска. Таа тврди дека претседателот одбивал да ја бакнува и оти ја терал да седи со часови во хотелската соба, пред да ја повика.

Таа раскажува како еден ден тие пливале во базенот на Белата куќа заедно со Дејв Пауерс, пријател на претседателот Кенеди. Тогаш, според Мими, Кенеди ја натерал „да се погрижи за него“. Потоа ја набљудувал како има орален секс со Пауерс, објавува весникот „Њујорк пост“.

Во друга прилика, тој побарал од неа да се „погрижи на сличен начин“ за неговиот помлад брат, но таа одбила.

Алфорд тврди дека и покрај тоа, постоел близок однос, и дека Кенеди честопати и се доверувал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top