Ликвидиран лидер на Ал Каеда

Американските сили во Багдад соопштија дека го ликвидирале еден од лидерите на Ал Каеда во Ирак, Махир Ахмад Махмуд Џуди ал Забајди, кој се смета за одговорен за серија бомбашки напади во ирачкиот главен град.

 |  Крсте Голабовски  | 
Al KAeda
Al KAeda

Американските сили во Багдад соопштија дека го ликвидирале еден од лидерите на Ал Каеда во Ирак, Махир Ахмад Махмуд Џуди ал Забајди, кој се смета за одговорен за серија бомбашки напади во ирачкиот главен град.

Портпаролот на коалициските сили во Багдад, адмирал Патрик Дрискол информира дека Забајди, кој уште е познат и под имињата Абу Асад и Абу Рами, бил ликвидиран во акција на американски војници во багдадаската населба Азамија, спроведена врз осонова на разузнавачки информации.

mreza Al KAedaЌелијата на Забајди се смета за одговорна за нападот врз две шиитски џамии во Багдад во четвртокот, при што загиинаа 16 лица, а околу 60 беа повредени. На Забајди му се припишува и одговорност за поголем број напади со автомобили-бомби во Багдад во текот на 2006 и 2007 година, при кои загинаа најмалку 200 лица.

Забајди, кој во Ал Каеда премина од милитантната група Ансар ал Ислам, стана познат кога во 2006 година беше емитувана видео снимка на кој тој убива руски дипломат.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top