Лава голта куќи на Канарските острови

Вулканот на Ла Палма, остров на северозападниот архипелаг, еруптираше во неделата, исфрлајќи лава неколку стотици метри во воздух и испраќајќи ја кон Атлантскиот Океан.

 |   | 

Вулканот на Ла Палма, остров на северозападниот архипелаг, еруптираше во неделата, исфрлајќи лава неколку стотици метри во воздух и испраќајќи ја кон Атлантскиот Океан.

Тоа е прва вулканска ерупција по 50 години на тој остров сместен западно од Африка. 

Островот е отворен – рече министерката Марото за радиото Канал Сур, нарекувајќи ја ерупцијата „прекрасна претстава“.

Нема ограничувања за патување на островот. Всушност, споделуваме информации со туристите за да знаат дека можат да уживаат во нешто необично, да го видат со свои очи

Нејзините изјави веднаш наидоа на критики од Теодор Гарсија Егеј, секретар на опозициската Народна партија, кој на Твитер ја објави изјавата на министерката и праша: „Дали некој може да ѝ каже на министерката дека во исто време стотици луѓе губат сè што имаат?

Околу 360 туристи биле евакуирани во понеделникот од одморалиште во Ла Палма и однесени на блискиот остров Тенерифе, изјави портпаролот на бродската компанија Фред Олсен.

Уште 180 туристи може да бидат евакуирани подоцна во текот на денот, додаде тој.

Регионалниот лидер Виктор Торес рече дека лавата од вулканот ќе стигне до морето во 20 часот по локално време, додавајќи дека вулканот ќе биде активен уште неколку дена. Досега се евакуирани илјадници луѓе, а лавата буквално проголта повеќе куќи.

Погледнете го видеото од лавата на следниот линк

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top