Лансиран досега најмоќниот сателит за правење ѕвездена картографија

Европската вселенска агенција (ЕСА) вчера го лансираше најмоќниот сателит „Гаја“ кој ќе изгради, до сега, најпрецизна тридимензионална мапа на ѕвездите од нашата галаксија за да се соберат информации за потеклото и еволуцијата на вселената.

 |  Голабовски Крсте  | 
Gaia
Гаја

Европската вселенска агенција (ЕСА) вчера го лансираше најмоќниот сателит „Гаја“ кој ќе изгради, до сега, најпрецизна тридимензионална мапа на ѕвездите од нашата галаксија за да се соберат информации за потеклото и еволуцијата на вселената.

GaiaПроектот чинел 740 милиони евра и е еден од најамбициозните кои некогаш ги спровела ЕСА. Камерите на телескопот траба да ги забележат прецизните положби и оддалеченоста на повеќе од милијарда ѕвезди во нашата галаксија. Освен тоа, ќе ја следи брзината и оддалечувањето на околу 150 милиони ѕвезди од Сончевиот систем.

Тоа на астрономите би требало да им овозможи собирање на 3Д маркер за истражување на еволуцијата на Млечниот пат. На темел на нив, ќе може да се направи филм кој ќе може да го „отвори“ минатото или иднината на нашата галаксија. Моќната „Гаја“, исто така би требало да открие илјадници тела, ѕвезди, планети и астероиди кои не можеле да се видат без вака софистицирана технологија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top