Во невообичаеното обраќање кон нацијата, Обама изјавил дека мала група на Американци го убиле Бин Ладен во еден објект во Пакистан и дошле во посед на неговото тело.
На семејствата и пријателите на погинатите во терористичките напади на 11. септември 2011. година, зад кои стоеше Бин Ладен, американскиот претседател им порача: “Правдата е извршена”.
Тој рекол дека Американците до местото каде се криел Бин Ладен ги довела соработката со Пакистан.
“Неговата загуба треба да ги поздрави сите кои веруваат во мир и достоинство.” рекол Обама, кој нагласил дека мора да се знае дека “САД не се и никогаш нема да бидат во војна со исламот”.
Според неговите зборови,Бин Ладен беше “лидер и симбол” кој продолжуваше да ‘готви завери’ против САД, но неговата смрт “не е крај на нашите напори”, бидејќи Ал Каеда ќе ја продолжи својата борба против Америка.
Обама истовремено ги повика Американците да го обноват чувството на единство кое постоеше 11. септември 2001. година.
На најавата на веста за убиството на Бин Ладен, пред Белата куќа се собраа неколку стотици граѓани, со американски знамиња кои извикувале “Ју Ес Еј” и ја пееле американската химна.
Осаму бин Ладена, водачот на терористичката мрежа на Ал Каеда и организатор на нападите на Њујорк и Вашингтон на 11. септември, во кои погинаа најмалку 3.000 луѓе, е убиен во пакистанскиот град Аботабад, 100 километри од Исламабад, од страна здружените американски и пакистански сили, соопштија денеска пакистански официјални безбедносни лица.
Како што е соопштено, Бин Ладен е убиен во напад на четири хеликоптери во квартот Билал на Аботабад.
Висок претставник на пакистанските безбедносни служби потврдил за “Ројтерс” дека Бин Ладен е убиен, а официјални лица во Пешавар изјавил дека заедничката операција ја извеле ЦИА и пакистанските безбедносни служби.
Првата реакција на светските лидери на веста за убиството на лидеорт на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, се сведува на коментари дека ова случување е големо олеснување за целиот свет како и дека претставува гласен триумф за власта во Вашингтон и неговите сојузници.
Телото на убиениот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, може да биде погребано во средината на денот (понеделник), јавува телевизијата „Фокс њуз”, повикувајќи се на свои извори во разузнавачката заедница.
Осама Бин Ладен беше убиен ноќта кон понеделник во специјална операција на американските сили во Пакистан.
„Според исламската традиција, телото на покојникот мора да биде погребано во рок од 24 часа. Американските власти соопштија дека не планираат да ја прекршат оваа традиција. Следствено, бин Ладен, може да бидат закопан во средината на денот“, јавува телевизија.
„Фокс Њуз“, исто така, укажува на тоа дека „терористот број еден” може да биде погребан во Саудиска Арабија, а сега неговото тело е добро обезбедувано во американска воена база во Авганистан.
„Тој беше роден во Саудиска Арабија и државата, најверојатно, ќе предложи да биде погребан на нејзина територија. Сепак, официјални изјави од Саудиска Арабија се’ уште не се добиени“, пренесува американската телевизија.
„Фокс Њуз“, исто така, дава некои детали од операција за уништување на шефот на Ал Каеда. Директно во операции врз палатата во која се сокривал бин Ладен учествувале 24 припадници на американските специјални сили, а биле заднински покривани од 20 маринци. Бин Ладен бил застрелан во главата додека се обидувал да се спротивстави, а престрелката во куќата била жестока и траела неколку минути. Според првичните информации, Осама бин Ладен се обидувал да се скрие од специјалците како жена, којашто исто така живеела во куќата. Жената, чие име не е соопштено, загинала во операцијата. Вкупно загинале три лица кои биле во куќата со првиот човек на терористичката мрежа Ал Каеда, еден од нив, како што се претпоставува, бил негов син.
Засолништето на бин Ладен е трикратно обезбедена куќа-бункер, којашто тајната служба ја открила минатото лето.
Вредноста на куќата бин Ладен е проценета на најмалку милион долари, и била добро обезбедена. И покрај скапата опрема, засолништето не било опремено со систем за врски и интернет, бидејќи „терористот број еден” стравуваше дека САД ќе се обидат да дојдат до него со помош на електрониката. Осама бин Ладен, живеел во куќата со своето семејство и братот.
Соговорник на телевизијата изјавил дека и покрај фактот што претседателот на САД, Барак Обама соопшти за учество во операцијата и на пакистанските власти, американската влада „се’ уште работи на донесување одлука за ова прашање”, појаснувајќи го со пакистанските власти нападот извршен на нивна територија.
Властите во Соединетите Американски Држави покренаа ДНК анализа на основа на посмртните останки на лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен, како и посебна техника за идентификација на неговото тело, соопшти денеска неименувано американско официјално лице.
Бин Ладен бил идентификуван од припадници на здружените сили на САД и Пакистан, кои го убиле при разменет оган, изјавило официјалното лице кое побарало да остане анонимно.
Резултатите од ДНК тестот ќе бидат познати во следните неколку дена, објави “Ројтерс”, пренесува “НетПрес”.
“Кога стигна веста дека операцијата е успешна, официјални претставници на ЦИА во конференциската сала силно аплаудирале.” – додал истиот извор.
САД: Посмртните останки на Бин Ладен фрлени во море
Убиениот терористички водич на организацијата Ал Каеда, Осама бин Ладен е погребан во море, изјави денеска еден американски претставник.
Откако Бин Ладен бил убиен во акцијата на американските војници во Пакистан, американските официјални лица изјавија дека телото ќе биде погребано во согласност со муслиманската традиција и пракса.
Муслиманската традиција налага телото да се погреба во наредните 24 часа од моментот на смртта, изјави еден американски претставник кој сакаше да остане анонимен и додаде дека е тешко да се најде земја која би ги прифатила посмртните останки на Осама бин Ладен поради што САД одлучи да го погреба во море.
Претседателот на САД, Барак Обама изутринава соопшти дека Бин Ладен е убиен во огнена престрелка во Пакистан.
Група американски командоси го убија Бин Ладен вчера изутрина во градот Аботабад околу 100 километри северно од Исламабад, соопштија пакистанските и американските официјални претставници, кои изјавија дека неговото тело ќе се третира според исламските обичаи.
Покрај Бин Ладен во нападот загинаа уште тројца мажи , меѓу кои и неговиот син, како и дена жена.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град