Француската модна линија Лакост побара од норвешката полиција да му забрани на Брејвик да носи облека со нивното лого, зеленото крокодилче.
Норвежанецот кој уби 77 лица толку многу го сака овој бренд, што инсистира да се појавува во јавност облечен исклучиво во црвена Лакост блуза. Тој дури и во својот манифест напишал дека “префинетите луѓе како него треба да ја носат модната марка Лакост”.
Откако поврзувањето со норвешкиот крвник се покажало како вистински кошмар за компанијата, шефовите одлучиле писмено да и се обратат на полицијата во Осло.
“Од Лакост сметаат дека еден таков човек може многу да му наштети на угледот на компанијата”, изјавил портпаролот на полицијата, кој не спомнал дали ќе го прифатат барањето.
Од модната куќа, која се смета за статусен симбол на компетентните спортисти и чие заштитно лице е Енди Родик, одбиле да коментираат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град