Италијанската пошта во Калабрија пронашла десетина писма адресирани до сегашниот и поранешниот италијански премиер, Марио Монти и Силвио Берлускони, како и на уште десетина други адреси.
Писмата кои немале марки, биле испратени од “Движењето на вооружените пролетери“ кои барале “ревизија на противкризниот план“.
“Ќе ни платите. Ќе ве нападнеме вас и тоа ќе биде војна до смрт. Ќе ги преколнувате противкризните мерки и со крв ќе ги платите“, стои во пораката на заканувачкото писмо.
Во писмото насловено до актуелниот италијански премиер имало куршум од девет милиметри, а во писмото за Берлукони имало куршум од 7,65 милиметри.
Вакви заканувачки писма требало да добијат и министерката за труд и социјална политика Елси Форнеро, претседателот на партијата “УДЦ“ Пиер Фернандо и директорите на “Кориере дела сера“, “Ла Република“ и тројца директори на десно ориентирани весници.
Градоначалникот на Рим, Џани Алемано, примил писмо со два куршуми и една смртна закана која била потпишана од “ќелиите на Црвените бригади“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град