Крузерот Коста Конкордија потопен поради осигурување?!

Постојат сомневања дека капетанот на Коста Конкордија намерно го удрил бродот за да може неговата фирма да добие голема оштета.

 |   | 
Conkordia
Conkordia

Несреќата на крузерот Коста Конкордија би можела да биде голема измама во која настрадале невини лица. Бродот е осигуран на 513 милиони долари, а штетата од осигурувањето би можела да достигне дури до милијарда долари, тоа би била најголемата загуба на осигурителните компании. На разни сајтови на интернет поради тоа веќе се појавиле теории на завера, меѓу кои се наоѓа и онаа дека капетанот Франческо Скетино го судрил бродот намерно поради пари.
Conkordia
Теоретичарите на завера наведуваат дека најголемата светска компанија “Карнивал корп” во чија сопственост е Коста Конкордија ќе добие огромни пари од осигурувањето. Неодамна кружеле гласини дека дел од инвеститорите планираат да ги насочат парите од “Карнивал корп” во “Ролај Карибијан”. Бидејќи важни луѓе планирале со својот капитал да го напуштат “Карнивал”, дел од луѓето кои би останале би се соочиле со загуба. Затоа на капетанот Скетино му ветиле пари доколку бродот потоне, а тој токму тоа пробал да го направи поминувајќи многу блиску до гребенот.

sporedba

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top