Крузерот „Коста Конкордиа“ застана „на нозе“

Инженерите во Италија успешно го исправија крузерот Коста Конкордија кој пред 20 месеци се насука во близина на островот Џиљо во Италија, пишува BBC.

 |  Голабовски Крсте  | 
costa konkordia
коста конкордиа

Инженерите во Италија успешно го исправија крузерот Коста Конкордија кој пред 20 месеци се насука во близина на островот Џиљо во Италија, пишува BBC.

costa konkordiaСпоред инженерите, биле потребни огромни напори за да се исправи крузерот, а операцијата која почна вчера наутро, траеше до доцните вечерни часови.

Во текот на процесот биле користени лостови, челични кабли и метални кутии исполнети со вода, за да се исправи и постави бродот на платформата.
Во несреќата на Коста Конкордија настрадаа 32 луѓе, а телата на две жртви се уште не се пронајдени, па нивните фамилии се надеваат дека по исправувањето на бродот, тие ќе бидат откриени.
„Ова беше совршена операција, а нема никаква опасност за околината“ – изјави Франко Порцелачиа од компанијата Коста Крочиера во чија сопственост е бродот.

Првичните планови биле бродот да се извади до понеделник навечер, но поради невремето, исправувањето и поставувањето на платформата во морето беше комплетирано дури во четири часот утрово. Нема дилеми дека ова е најголемата и најтешката ваква операција, со оглед на големината на бродот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top