Краткотрајна евро еуфорија

Спасоносниот фонд од 750 милијарди евра на ЕУ и ММФ го смири стравот од финансиски колапс и предизвика пораст на вредноста на еврото, но прашањето дали овој пакет ќе има долгорочен ефект, пред крајот на денот ја урна европската валута.

 |  Маја Савиќ  | 
Euro-up
евро-нагоре

evro-valutaСпасоносниот фонд од 750 милијарди евра на ЕУ и ММФ го смири стравот од финансиски колапс и предизвика пораст на вредноста на еврото, но прашањето дали овој пакет ќе има долгорочен ефект, пред крајот на денот ја урна европската валута.

Сумата која ќе им биде достапна на земјите од евро зоната во криза, е најголемата парична помош по онаа со која Групата од 20 лидери ја помогна светската економија по колапсот на Леман Брадерс во 2008-ма година. Набргу по објавувањето на сумата, еврото веднаш се искачи на 1,30 долари, земајќи здив по 14-месечното паѓање до речиси 1,25 долари.

Но, сомнежите за ефикасноста на пакетот помош и прашањето за тоа колку бргу ќе биде реализиран, ја симнаа вредноста на валутата под 1,28 долари. Некои експерти веруваат дека летово еврото ќе падне дури на 1,20 долари.

“Позајмувањето пари на веќе презадолжените влади не го решава проблемот. Ако имавме грчки обврзници во нашето портфолио, немаше да се чувствуваме спасени утрово”, изјавил Карл Ваинберг, главен економист во High Frequency Economics, во Њујорк.

Меѓу коментарите поврзани со одлуката за формирање фонд за спас на еврото, бил и оној кој спасоносниот пакет го споредил со “давање уште една пијачка на веќе пијан човек”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top